Шефот на платениците од Вагнер“ последен пат бил виден во јавност на денот на „“востанието“ во Ростов на Дон, но оттогаш не се знае каде се наоѓа.
По завршувањето на еднодневниот бунт, белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека е договорено Пригожин да замине во таа земја.
Пред неколку дена Кремљ потврди дека неколку дена по востанието Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ.
Сега се појави фотографија која ја објавија руските медиуми.
„Руските медиуми објавуваат наводно неодамнешна фотографија на Пригожин во полски шатор во (наводно) Белорусија“, пишува Антон Герашченко, советник на украинскиот МУП.
Автентичноста на сликата не е потврдена.







