Се појави нов потенцијален убиец, Спасовски на потег (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот тим имаат нова задача, да го идентификуваат и да го санкционираат возачот кој во градски средини каде е дозволено 50 вози со 140 километри на час а на автопат каде е дозволено 100 вози над 250 на час.



Видеото кое го објавил самиот возач на социјалната мрежа Тик-Ток е доволно за министерот Спасовски да преземе соодветни мерки за спречување на возачот да предизвика несреќа со катастрофални последици.