Екс претседателот Бранко Црвенковски кој со месеци го нема во Македонската јавност конечно се појави на јавен настан.
Црвенковски кој не дал никаква изјава за промена на името и уставот учествувал во формирање на група на јужноевропски државници со цел зацврстување на добрососедските релации и промоција на вредностите на ЕУ.
Клубот на екс политичари од регионот е формиран во Подгорица од страна на претставници на Македонија, Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Косово.
Покрај домаќинот Филип Вујановиќ во групата се и Данило Турк, Златко Лагунџија, Мирко Цветковиќ, Јадранка Косор,
Идејата на клубот е да се фокусира на иднината а не на минатото, вели Вујановиќ според кого на регионот кој е дел од ЕУ стратегијата за проширување му е смачено од чекање.
На следната средба на клубот од екс ЈУ просторите ќе се случи во Загреб или Љубљана и таму ќе биде упатен повик до ЕУ да започне преговори со Албанија и Македонија.
Меѓу другите членови на клубот се Милан Кучан, Стипе Месиќ, Игор Лукшиќ, и Хари Костов.





