Евентуално блокирање на донесувањето на суштински закони во Собранието би можело да предизвика одложување на терминот за избори, рече на денешната прес конференција во Владата премиерот Зоран Заев. Како што кажа Заев, дел од предложените закони во Собранието се усогласувања со прекршочните казни, но оти меѓу нив има и некои од поголема важност за државата.
„Голем дел од законите се усогласување со прекршочните казни и верувам дека тој дел може да помине и во јануари и во февруари. Суштинските закони, ако предизвикаат кочење на пензии, на социјалните трансфери, на покачувањето на платите, на сето она што живот значи за граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат“, рече Заев.
Според анкетите СДСМ ќе доживее тежок пораз на изборите закажани на 12 април.




