Во писмо од затвореници од затворот во Штип се најавуваат радикални мерки доколку директорот на затворот не даде оставка или не биде сменет во рок од еден месец.
Причината за писмото од група анонимни затвореници е смртта на затвореникот Киро кој барал медицинска помош и починал откако неколку дена не ја добил по налог на Директорот.
Целото писмо во продолжение:
Поради негрижа на КПД ШТИП односно поради непрофесионалноста на директорот Мики Тодоров, денес во затворот Штип почина Киро. Утре тоа може да го снајде некој од нас .
Затоа денес предупредуваме дека 90% од затворениците се жалиме од директорот но не смееме да кажеме на никому ништо бидејќи веднаш ни се заканува дека ќе не премести во друг затвор.
Институциите на системот не функционират.
Затвореникот Киро веќе извесно време бараше помош од директорот за да добие соодветен здравствен третман но истиот беше одбиен од директорот со зборовите „дека се е во ред со него и дека инсциженира и лаже„.
Со други зборови без одобрение на директорот ни брза помош не може да дојде.
Еве денес што се случи.
Укинато ни е и правото да добиваме пакети и од дома може само до 10 килограми да испратат.
Немаме посети од пријатели, само на најтесното семејство што е преседан и единствен случај во светот.
Трпението на затворениците е при крај и бараме веднаш и без одложување да биде разрешен Мики Тодоров во спротивно ќе одговриме со мерки кои ќе бидат на штета на институцијата. Ќе превземеме радикални мерки и кон управата и кон командирите.
Денес почина Киро, наш пријател, добар човек, утре ќе биде некој од нас.
Директорот Мики Тодоров има рок од 1 месец да поднесе оставка или да биде разрешен, доколку не се случи тоа најавуваме повеќекратни радикални мерки кон него и кон управата, за кои нема да одговораме за последиците.
Можеби сме во затвор но имаме права. Не може еден искомплексиран директор што во животот работел вратар по дискотеки и молер да се изживува со нас, а токму првото негово вработување е директор на затвор без никаква стручна спрема.
Нема да дозволиме да ни ги загрозува нашите животи.
Бог да го прости Киро. Мики оставка оти тешко ти се пишува.
ВЕРУВАЈ!!!
Група затвореници од КПД Штип





