Се подготвува документација за барање за екстрадиција на Груевски

Во Министерството за правда, почна комплетирањето на потребната документација за екстрадиција, откако од МНР добиле и официјално известување дека поранешниот премиер Никола Груевски се наоќа во Унгарија.



Вчера од кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан потврдија дека унгарските власти го разгледуваат барањето за азил поднесено од поранешниот македонски премиер.

Постапката за разгледување на барањето на азил ќе трае најмалку 15, а најмногу до 60 дена, а дури потоа ќе се разгледува барањето за екстрадиција од македонските власти.

За екстрадиција потребни се документи од Судот -правосилна пресуда, извадок од КЗ за описот на делото и застареноста на кривичното гонење односно за извршувањето и барање од Судот до надлежниот орган во државата каде што треба да се постапи за екстрадиција и сето тоа преведено на официјалниот јазикот на земјаата од ладе се бара екстрадиција.

Премиерот Зоран Заев очекува Унгарија да постапи по веќе распишаната меѓународна потерница со која бара екстрадиција на Груевски.

„Очекуваме од Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.