На патниот правец Дебар – Маврово, кај селото Долно Косоврасти, се отвори „кратер“ длабок 20-на метри на коловозот.



„Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2.30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчина од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот со материјал-песок“, изјави за МИА Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.