Се откри еден од 58 “тајни” хонорарци на владата, јавноста ги чека другите 57

Новинарот Петрит Сарачини, медиумски експерт чии текстови можат да се читаат на провладините портали Фронтлајн и Цивил медиа, е еден од 58 хонорарни соработници на владата која одбиваше да ги објави нивните имиња.



Сарачини реагира на коментар на пренесена вест од новинарот Бранко Героски и самиот објавува дека е еден од 58 тајни хонорарци кои денеска ќе бидат објавени откако реагираше јавноста а Антикорупциската комисија се заинтересира за случајот на трошење народни пари без да се открие кој ги добива.

Жестоката преписка со Героски и тврдењето на Сарачини дека незаслужено се линчуваат луѓето од ‘тајната листа на советници” на овој линк:

https://m.facebook.com/groups/689465834562623/permalink/1885169268325601/

Сарачини по 22 часот во недела на десетина часа пред владата да ги објави имињата на 58 тајни соработници на Фејсбук објави дека тој е еден од луѓето што добивале пари од Владата за своите услуги кон Илинденска.

Постот на Фејсбук на Сарачини

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10157733901627155&id=572292154

Сарачини тврди дека тој уште во март објавил дека е на списокот на хонорарни соработници на владата а линкот го објавил и во затворена група за новинари во која членуваат 500 луѓе.

Сарачини до 2018 година беше посебен советник на Министерот за култура Роберт Алаѓозовски а кога тој беше заменет, новинарот и медиумски работник/експерт повторно беше ангажиран да работи за Владата.

“Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ.
Жарко Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи, а Петрит Сарачини за медиумски мониторинг, во согласност со нивните професионални компетенции. Нивните ангажмани се регулирани со договор на дело”, изјави за медиумите во 2018 година тогашниот портпарол на Владата Миле Бошњаковски.

Колку пари добивал Сарачини, кој важи за близок на главниот советник за медиуми на премиерот Заев, Марјан Забрчанец, за своите медиумски анализи и други услуги кон владата, не се открива.

За Сарачини пред три месеци беше објавено дека бил цел на закани и говор на омраза откако на групи на Фејсбук споделувал текстови на порталот Цивил медиа.

Порталот Цивил Медиа во текстот за нападите врз него, а кој не смее да се објавува, Сарачини го претставува како граѓански активист, новинар, аналитичар и музичар и објавува дека Сарачини споделувал текстови на групи кои биле негови или тој ги администрирал.

Од Цивил медиа не пишуваат дека е медиумски експерт ниту дека е на платен список на владата. Сарачини го нема во импресумот на овој и блискиот портал Фронтлајн кој редовно ги пренесува неговите анализи и текстови.

Зошто Сарачини системски би споделувал на социјалните мрежи текстови на приватни медиуми додека добивал хонорар од парите на граѓаните засега нема објаснување ниту од владата ниту од новинарот.

Во петокот портпаролот на Владата Душко Арсовски тврдеше дека во понеделник ќе бидат објавени сите 58 тајни хонорарци на владата.

На овој текст реагираше споменатиот владин советник чија реакција е пренесена во целост

Реакција на владин советник: Не исклучува правни механизми против expres.mk