Алијанса за Албанците го поддржува предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде нов мандатар на Владата
Ова го потврди денеска на прес конференција партискиот потпретседател на Алијанса за Албанците Елми Азири.
„И ние повикуваме на формирање на експертска или техничка влада за што побрзо да имаме предвремени избори поради лошото менаџирање на кризата. Што се однесува до предлогот на господинот Мицкоски, претпоставувам дека господинот Мицкоски кај господинот Гаши видел капацитети за справување со сите кризи што се случуваат во Македонија но и со решавање на евроинтегративниот процес, односно деблокирање на тој процес, така да ние го поддржуваме тој предлог, зошто да не“, изјави Елми Азири, потпретседател на АЛијанса за Албанците.
Откако беше обвинет од ДУИ дека има проблеми со Албанец премиер Мицкоски предходно предложи Африм Гаши да биде нов мандатар за шштообара поддршка и од ДУИ.
Во ДУИ официјално молчат. До овој момент нема одговор за предлогот на Мицкоски од Мала Речица.
На ланските избори ДУИ за кандидат за премиер го предложи Насер Зибери кој не е член на партијата.






