Се откажа ли Ковачевски од консумирање сува храна, веќе петти ден не јаде ништо додека прави пропаганда

Ниту еден од петте дена во новата 2023 година премиерот Ковачевски не се пофалил на социјалните мрежи не се пофалил дека јаде нешто.



Лани најверојатно по препорака на неговите скапо советници за пропаганда јадеше сува храна во повеќе наврати мислејќи дека така ќе го засакаат граѓаните.

Годинава веќе петти ден не јадел ништо односно на социјалните мрежи не се пофалил дека јаде нешто нездраво.

Дали Ковачевски се откажа од ловот на поддржувачи преку објави на кои јаде нездрави работи затоа што неговиот тим за пропаганда сфатил дека идејата е глупа или пак Таче наскоро ќе не изненади со јадење на брза храна е прашање на кое чекаме одговор од премиерот.

За негово здравје и политички успех препорачуваме ако веќе таргетира гласачи што се палат на храна односно гурмани, на Фејсбук и Твитер да почне да објавува слики од похован мозок, крезли, чорба од брокула, јагнешка јанија, пача, ѓомлезе, супа од варен зајак, Кумановски мезал’к и слични јадења.

Најчитани вести

Два милиони луѓе се жртви

Македонски новинар поднел претставка против министер за дискриминација