Се остварија анализите за дефокус од скандалите – колатерална штета е Јордан Камчев

Само еден ден откако во колумна на expres.mk беше предвидено дека бизнисменот Јордан Камчев може да биде уапсен со цел дефокусирање на јавноста од актуелните скандали на владата тој е приведен.



Од МВР не споделуваат повеќе информации но неофицијално се пишува дека приведувањето се случило поради наводно информации дека е можно негово бегство од земјава иако нема никакви наводи за вистинитоста на оваа теза на власта.

Камчев кој повеќе од две години е осомничен во истрагата „Империја“ која ја отвори поранешното СЈО, никогаш не го избегнал извршувањето на судските мерки ниту за него имало било каков сомнеж за можно напуштање на земјата.

Тој е сведок и оштетено лице во случајот со Боки 13 а за 18 март е закажано судско рочиште за предметот„Меѓународен сојуз”, кога треба да сведочат Камчев и Агапи Дика.

Орце Камчев стана еден од главните непријатели на владата на Зоран Заев откако со снимките направени во неговиот дом пукна аферата Рекет поради која за малку не падна владата на СДСМ.

За приведувањето на Камчев се шпекулираше уште веднаш по бегството на Сашо Мијалков.

Со оглед на тоа што Камчев имал доволно ресурси и досега можел да избега доколку сакал за повеќе упатени набљудувачи приведувањето на Камчев е обид на власта да ја дефокусира јавноста од низата скандали кои од темел ја тресат владата на Заев.

Вчера колумнистот на expres.mk новинарот на Алфа ТВ Горан Момироски предвиде дека следува апсење на потенцијални жртви кои ќе бидат колатерална штета на обидот на владата да прикаже дека во Македонија функционира правната држава.

Кој ќе биде уапсен за дефокус од скандалите на власта – пишува Горан Момироски