Се огласи Мерко – спремен е да соработува со правосудните органи

Градоначалникот на Струга, денеска преку социјалните мрежи порача дека ќе ја предаде секоја документација што истражните органи ќе ја побараат од него и од Општина Струга.



Во Фејсбук статусот, кој доаѓа една недела откако беше ставен на „црната листа“ на САД, Мерко вели дека ќе бид отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи бидејќи секогаш бил транспарентен…

„Од Претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга.

По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи.

Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции.

Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите.

На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката низ годините, но и поддршката што не ја штедевте и овие денови, за кои убеден сум дека ќе ги надминеме заедно, за да создадеме услови за подобар живот на Стружани и за Струга што ја сакаме“, порачува Мерко во објавата на Фејсбук на која објави и заеднички фотографии со американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер.