Додека говореше пратничката Гордана Силјановска-Давкова од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Дарко Каевски од СДСМ играше видео игри на вчерашната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.
Видеото на социјалната мрежа Фејсбук го објави новинарот на Алфа, Матеја Петровски, каде што граѓаните го искажаа своето незадоволство.
https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fmateja.petrovski%2Fvideos%2F456413510033281%2F&show_text=0&width=267
„Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсустувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом“, изјави Каевски за Фактор.





