Се огласи Асад, Трамп ретерира од напад на Сирија

Сирискиот претседател Башар ел Асад денеска изјави дека заканата од Западен напад врз неговата земја по наводниот хемиски напад, се заснова основа на „лаги“ и со цел да се поништи напредокот на сириските сили врз бунтовниците во упориштето во близина на Дамаск.
Асад рече дека западните земји станаа агресивни, откако тие го загубија „облогот“ нставен на опозицијата, јави Асошиејтед прес.



За државната агенција САНА, Асад рече дека „со секоја победа на терен (на сириските сили), гласот на западните земји е погласен и активностите се интензивираат во обид да го сменат текот на настаните“, рече Асад.

Асад смета дека ова само ќе ја зголем нестабилноста во регионот, заканувајќи се на меѓународниот мир и безбедност.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, ретерираше од неговата загана на „Твитер“ дека подготвува напад за казнување на „животното“ Асад, со нов твит.

„Никогаш не реков кога ќе има напад врз Сирија.  Тоа може да се случи наскоро или да не се случи. Во секој случај, САД, под мојата администрација, имаат направено одлична работа во чистење на регионот на Исламска држава. Па каде е заслуженото –‘Ви благодарам, Америка?’“ напиша Трамп.

Американскиот претседател, пред два дена на „Твитер“ најави одговор со нови свети ракети за наводниот напад со хемиско оружје,  а официјални лица изјавија дека се „сите опци исе на маса“.

Во меѓувреме, Велика Британија и Франција, исто така, велат дека одлуката за заедничка акција ќе биде донесена во наредните денови.