Со свечена академија денеска ќе биде одбележана 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука.
Свечената академија што ја организира Владата ќе се одржи денеска со почеток во 14:00 часот, во Филхармонија, информираат од кабинетот на Првиот Потпретседател на Владата, Артан Груби.
Во Собранието денеска на пладне ќе биде врачена државната награда „22 Ноември“, која се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Македонија.
Добитници на овогодинешната награда „22 Ноември“ се истражувачот и писател Агим Винца и писателот Амет Селмани. МИА







