Се одбележува 114 години од албанската азбука

Под покровителство на првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, денеска ќе се одржи свечена Академија по повод 114-годишнината Денот на азбуката на Албанскиот јазик.



На свеченоста закажана за во 13 часот во Хотел Хилтон, ќе присуствуваат лидерот на ДУИ, Али Ахмети, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

На 22 ноември 1908 година во Битола заврши заседавањето на учесниците на Битолски конгрес, кои едногласно ја прифатија одлуката на Комисијата за азбуката, која утврди унифицирана албанска азбука.