По вчерашното апсење при сообраќајка во Приштина и одреден притвор за Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотна казна за масакрот кај Смилковско Езеро, се очекува тој да биде екстрадиран во Македонија велато д МВР за ТВ21.
Браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, како и Халил Демири и добија доживотна казна затвор во првостепена пресуда од Кривичниот суд за петкратното убиство на Смилковското езеро во 2012
„Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР доби известување од косовските колеги дека на територија на Косово е приведен Африм Исмаиловиќ, за кој од наша страна е распишана меѓународна потерница и дека му е одреден 48 часовен притвор.
Очекуваме Косово да донесе одлука за екстрадиција на лицето“, велат од МВР.
Министерството за правда со замолница ќе бара од косовските власти да го испорачаат во земјава бегалецот Африм Исмаиловиќ, дознава Алфа.
Правда тврди дека ќе испрати ургенција веднаш, или додека Исмаиловиќ е во притвор, за тој да биде екстрадиран во Македонија.
„Доколку од нивна страна биде побаран било каков друг документ, списи или било што, Министерството за правда во најбрз можен рок тоа ќе го подготви и ќе го испрати до косовските власти. Очекуваме ова лице набрзо да биде екстрадирано“, изјави Александар Видиновски, портпарол на министерство за правда за ТВ Алфа.






