Се облекла како Елена Тројанска – остана без амбасадорска функција

Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузал, беила повикан во Анкара, откако на приемот по повод 95 годишнината од модерна Турција, (29 октомври) се појавила во „проблематичен избор на облека“, пишува турскиот „Хјуриет“.



„Истрагата започна веднаш откако ги видовме фотографиите и ја отповикавме амбасадорката“, напиша турскиот МНР Мевлут Чавушоглу на Твитер.

„Историската“ облека на амбасадорката и на нејзиниот помошник за време на приемот предизвика контроверзи и нагаѓана на социјалните медиуми, дали облеката била од римскиот период или од грчката митологија, за на крај да се потврди дека требало да потсетува на Елена Тројанска.

Амбасадорката се бранела дека повод за таквата гардероба бил одбележувањето на „Година на Троја во Уганда“.