Доларот ослабе, a цената на нафтата се зголеми. Американската валута ослабна во однос на еврото кое достигна 1,1330 долари, а вчера се тргуваше за 1,1300 долари.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 114,65 на 115,05 јени.
Цените на нафтата се на највисоките нивоа во повеќе од седум години, затоа што трговците стравуваат од прекини во снабдувањето со енергија на Русија. На лондонскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,3 отсто на 97,15 долари, а на американскиот пазар барелот поскапе за 0,25 отсто на 92,20 долари.
Пред неколку дена имавме иста ситуација, раст на еврото, и пад на вредноста на доларот.





