Населението на Грција се намалило за 39.933 во 2020 година, бидејќи наталитетот продолжува да биде понизок од морталитетот, а се намалува и дојдовната миграција се вели во извештајот на грчката статистичка управа (ЕЛСТАТ), објави Greek Reporter.
ЕЛСТАТ го проценува бројот на постојани жители во Грција на 1 јануари 2021 година на 10.678.632, од кои 5.196.048 (48,66%) се мажи и 5.482.584 (51,34%) – жени.
Ова е намалување за 0,37% во однос на 10.718.565 лица за кои се смета дека живееле во земјава една година порано.
Намалување се должи на пад на бројот на население од 45.902 лица (84.767 раѓања наспроти 130.669 смртни случаи), што беше само делумно ублажено со позитивниот нето-прилив од 6.384 мигранти, објави ЕЛСТАТ.







