Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објавува кому за Бадник во неговото семејство се паднала паричката и притоа се шегува дека никој не се налутил што таа завршила во парчето празничен леб кој го земал најстариот член на неговото семејство.
Мицкоски вечерва објави фотографија со неговата сопруга и двата сина како и неговите родители со кои се кршело лепчето за Бадник.
,,Малку драгоцени моменти со најблиските. На бадниковата вечер паричката падна кај мојот татко Иван, без лутење од останатите 🙂
Посакувам повеќе среќа кај сите семејства и луѓе кои ги одбележуваат овие празници, повеќе радост и насмевки на лицата во овие тешки моменти.
Нека биде година на промени и иднина.
Честит Бадник. За многу години”, објави Мицкоски на социјалните мрежи.






