Се надевал ли дека никој нема да го забележи, уште едно ,,дете на ДУИ” меѓу избраните обвинители (ФОТО)

И внукот од сестра на градоначалникот на Пласница Алија Јаоски, брат на Исмаил Јаоски – Пуцко Петрол, пратеник на ДУИ е на списокот избрани јавни Обвинители од страна на Академијата за судии и обвинители.



Оваа информација ја објавува профилот Троловски кој меѓу децата на низа државни и правосудни функционери меѓу кои најголем дел се од ДУИ пронајде уште едно од таканаречените ,,деца на ДУИ” односно синови и ќерки на функционери на ДУИ кои и самите добиваат високи функции.