Се множат коалициските партнери во власта (ВИДЕО)

Веќе е извесно дека ќе има проширување на владата и на парламентарното мнозинство откако разговорите влегуваат во финиш.



„Се ослободуваат фотељи за кадри на новите коалициони партнери во власта, со кои синоќа завршило усогласувањето на програмските определби. Во игра се двете крила на БЕСА и ДПА, со чии пратеници парламентарното мнозинство ќе се зголеми за седум пратеници“, јавува денеска ТВ Телма.

Тројца пратеници на Движење Беса, добила понуда Африм Гаши да застане на чело на Министерството за образование доколку прифатат да се приклучат на парламентарното мнозинство, објави ТВ 21.

Од Движењето Беса на Биљал Касами, велат дека програмскиот дел е усогласен со владината програма и дека останува само да се финализира кадровскиот аспект и очекуваат партиските органи да донесат конечна одлука за учеството на Движењето во владата.

Од внатрепартиски извор на ДПА,пак, се дознава дека Бардил Даути може да застане на позицијата вицепремиер во Министерството за спроведување на реформите.

Но засега ниту една од овие партии не ги потврдува информациите, како што велат, сѐ додека предлозите не бидат изнесени пред централните раководства и не бидат потврдени во владиниот кабинет, пренесува ТВ21.