Се меша ли Македонија во внатрешните работи на Косово?!

„Амбасадорот на Косово во Македонија Ѓерѓ Дедај продолжи со своите официјални средби во Македонија. Во денешно пишување на својот фејсбук профил Дедај објави и фотографија дека се сретнал со претседателот на Парламентот Талат Џафери“ – пренесува денес информативната агенција на албански јазик ИНА.
„Имав чест и задоволство да се сретнам со Талат Џафери, претседателот на Собранието на Македонија! Го запознав со актуелниот развој на Косово и за итната потреба за обедивање на стратегијата на Косово и Македонија со земјите во регионот кон европската перспектива и евроатлантското интегрирање на сиот Западен Балкан! Џафери високо ги оценува работата и мојот придонес на чело на Мисијата на Косово во Скопје.“ – стои на фејсбук – профилот на Дедај.



„Минатата недела тој беше разрешен од претседателката на Косово Вјоса Османи заедно во групата на 12 амбасадори на Косово.“ – потсетува ИНА.

Дедај веќе седум дена одбива да ја напушти косовската амбасада во Скопје и соопшти дека ќе ја продолжи својата, како што ја нарече „историска мисија“. Одлуката за неговото разрешување тој ја означи како „политичка одмазда“. Беше именуван како амбасадор во август 2018 година.

Со средбата Џафери – Дедај де наметнува прашањето: Дали Македонија „фаќа“ страна во спротивставувањата на амбасадорот со косовските власти преку денешната средба на спикерот со него во својство на претседател на Собранието на Македонија?