Се менува статутот на РКЕ – освен за струјата, Регулаторот ќе се грижи и за отпадот, ќе има ли ново поскапување?!

Регулаторната комисија за енергетика насокоро со нови задолженија. Согласно одлуката за иземни на Статутот на комисијата доставени во Собранието на Македонија, ова тело покрај утврдувањето и регулирањето на енергетскиот сектор во земајва, ќе биде надлежно за уште една функција, а тоа е управување со комуналниот отпад.



РКЕ и претходно имаше проширување на надлежностите, па во последниве години тие се задолжени и за утврдување на максималните цени за вода за пиење во земјава. Сега, како што пишува Фактор, согласно Европските директиви, комисијата ќе треба да се грижи и за комуналниот отпад.

Но, покрај ова, со статутарната промена која е доставена во Собранието се посочува дека исто така ќе се донесат и прописи кои се однесуваат на сајбербезбедност базирани на принципите на ЕУ.

 РКЕ е независно тело кое е надлежно за регулирање на енергетските дејности, цените на водните услуги, а сега и цените на комуналниот отпад, утврдени со Закон за енергетика, Закон за утврдување на цени на водни усллуги, Законот за управување со отпадот и пропистие донесени со врз основа на овие закони со начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со примена на најдобрите меѓународни искуства и практики – се наведува во образложението доставено до пратениците.

Новото име на комисијата е Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија, но и понатаму скратеница за ова тело останува РКЕ.

По промената на статутот, РКЕ ќе врши надзор на спроведувањето на Законот за енергетика, работењето на носителите на лиценци, примена на прописи за управување со комунален отпад. Тие исто така ќе вршат увид кај давателите на водни услуги и кај давателите на услуги за управување со комунален отпад.