ИТ-администраторите вршат промена на интернет страницата на кабинетот на новоизбраниот претседател на државата, Стево Пендаровски, а засега само е впишано новото уставно име „Република Северна Македонија“.
Вчера се уште стоеја старите податоци, иако Пендаровски беше инаугуриран на 12 мај во неделата.
По написите во медиумите, администраторите ги прават неопходните чекори за да го обноват сајтот., дознава Фактор.





