Последните постапки на собранискиот спикер Талат Џафери кон опозицијата може дополнително да ја заостри состојбата, оценуваат политичките аналитичари. Според Петар Арсовски, односот власт-опозиција во моментов е кревок, телевизијата пренесува Алсат.
Евентуалните предвремени избори целосно ќе зависат од политички договор, но во секој случај целосното блокирање на Собранието и недобивањето на датумот за преговори, според аналитичарите, може да ја одведат земјава кон избори, анализира Алсат.
Состојбата во Собранието е тензична откако ВМРО-ДПМНЕ најави активна блокада бидејќи не беше прифатена лидерска средба за предвремени избори. Дополнително, ситуацијата се влоши и поради тензиите меѓу ВМРО и претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого ќе биде поднесена интерпелација, откако против нивна волја ги заклучи пратениците во пленарната сала.





