Се кревале “вмровски” возила во дворот на АХВ, пријавил менаџментот

Десетина возила попладнево се кренати од пајак службата во дворот на Агенцијата за храна и ветерина откако менаџментот пријавил несоодветно паркирање од своите вработени.



Најголем дел од вработените чии возила се кренати од пајак службата се во сопственост на вработени кои се етикетирани како “вмровци”.

На ниту еден вработен пред да му биде кренато возилото не му било кажано да го препаркира ниту бил опоменат што за дел од вработените е сигнал дека се работи за политички и партиски реваншизам.

Најапсурдно искуство доживеала инспекторка на Агенцијата која дошла од Битола со службено возило на АХВ за да провери мостри. Иако била паркирана во дворот на матичната институција пајакот го однесол и нејзиното службено возило.

Вработените во АХВ од страв не сакаат да зборуваат јавно иако некои од нив на социјалните мрежи на полушега го потврдија инцидентот.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10218875002651372&id=1391300822