До крајот на годинава, Регулаторот треба да ја објави новата цена на струјата. Според информациите кои беа соопштени, енергетските компaнии бараат од Нова година да се плаќа за 27% поскапа струја. И додека јавноста е во паника од евентуалните повисоки сметки за струја, од Владата стигаат смирувачки пораки. Ако не трошите многу струја нема да добиете повисоки сметки од први јануари, уверува вицепремиерот за економски прашања на десетина дена пред официјално да биде објавена новата цена на струјата.

Нова давачка за граѓаните доаѓа од старите добро познати умови на Регулаторна комисија за енергетика. Мислителите од оваа комисија ќе го изберат и најбизраниот начин само за да ги зголемат сметките за струја на граѓаните, со досега невидено објаснување вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.
– Хронологијата на нивната лажна заложба е многу едноставна, и од година во година само проширен. Најпрво се фалеа и држеа прес конференции и ги манипулираа граѓаните дека од 1 декември ќе се врати евтината тарифа, иако такво нешто се уште немаат повеќе од 2/3 од домаќинствата. Потоа, Бислимовски се обиде да се оправда па кажа дека бенефитот од евтината тарифа ќе биде од 1 јануари. Но, видовме дека вчера пропадна и таа лага. Бенефит нема да има ни од 1 јануари, бидејќи се воведува нова давачка, т.н. „пристап до мрежа„. Воведениот нов товар за граѓаните или т.н давачка за пристап до мрежа значи само едно – уште едно поскапување на грбот на граѓаните и компаниите. Проблемот кој ќе се создаде е врз грбот на граѓаните кои живеат надвор од градовите, врз граѓаните и студентите кои живеат под кирија, затоа што токму на нив ќе падне товарот од сметката за струја од станот или куќата во која престојуваат, а е нечив втор имот. Оваа давачка која власта ја нарекува пристап до мрежа од 250 денари месечно е удар и врз студентите, младите брачни парови кои живеат под кирија, земјоделците кои имаат куќа на село и стан во град. Дополнително, ова не е единственото зголемување на цената на струјата. Имено, ни се заканува уште поголем ценовен потрес поради зголемувањето на цената која државната ЕЛЕМ ја понудила кон универзалниот снабдувач за 1 мегават час енергија, а тоа е 57 евра , наместо досегашните 53 евра за мегават час, рече Митева.
Инаку, ако се прифатат барањата на сите субјекти, цената на струјата ќе се покачи за 27%. Регулаторна започнува со контроли пред да донесе конечна одлука. Претседателот Бислимоски најави дека ќе има и нова ставка во сметките за граѓаните наречена „приклучок на мрежа“.
Според дел од експертите со оваа ставка годишно би се собрани околку 30 милиони евра ако таа изнесува од 3 до 4 евра. Бислимовски вели да не се шпекулира бидејќи за сметка на таа давачка ќе се намалела цената на мрежарина.





