ЈП „Паркови и зеленило“ и денеска продолжи со отстранување на зеленилото и украсните грмушки засадени во средишните жардинери на булеварот на влезот во Скопје на потегот од населбата Автокоманда до хотелот „Континентал“.
Од паркови и зеленило велат дека се заменуваат стари садници со нови поквалитетни растенија
Шумарскиот факултет во Скопје го повика Град Скопје да го спречи уништувањето на веќе оформен зелен појас од булеварите Александар Македонски и Гоце Делчев.
Професор Кирил Сотировски, декан на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), за СакамДаКажам вчера изјави дека нема потреба од уништување на веќе етаблирано зеленило за да се заменат само неколку суви садници.
На прсти се бројат исушените садници на двата потега“, вели Сотировски, кој е фитопатолог од Катедрата за заштита на шумите и дрвото..



Вчера ваква акција имаше околу раскрсницата во близина на влезот кон кампусот на УКИМ и зградата на МРТВ.







