Се јави Фатиме Фетаи – се согласува со колегите од СЈО

„Согласна сум со ставовите на колегите од СЈО и стојам на ставот кој беше обелоденот минатата недела на прес конференцијата во Специјалното јавно обвинителство“, изјавила а Фактор обвинителката Фатиме Фетаи која е се уште на годишен одмор но е во земјата.



Фетаи се согласува со коментарите на колешката Ленче Ристовска дадени ден по оставката на Јанева кога беа приведени и Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

Ристовска тогаш побрзо расчистување на случајот и рече дека дејствијата на поединци не ја отсликуваат работата на сите, јавува Фактор.