Се јави Борисов за македонското прашање, очекува Берлин да донесе силни одлуки

По долгиот молк денеска реакција на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој имал 40 минутен видео-конференциски состанок со германската канцеларка Ангела Меркел.



На видео состанокот тема била Македонија и позициите на Бугарија против Меѓувладина конференција меѓу земјава и Европската унија.

За онлајн разговорот со Меркел Борисов објави на својот фесбук-профил.

“И се заблагодарив за нејзината лична заложба и на германското претседателство за барање формули за да се овозможи почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство Советот на ЕУ ќе се донесат силни и правилни одлуки”, напиша Борисов на ФБ.

Медиумите во Софија објавија дека половина ден по министерската средба во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел имала разговор преку онлајн врска со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу забелешките на Софија за отпочувањето на Меѓувладината конференција.

“Бугарија и јас сме благодарни за посветеноста на германското претседателство и вам лично за изнаоѓање формули што ќе ѝ овозможат на Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската унија”, е една од пораките која Борисов и ја пренесол на Меркел, јавува Бугарското национално радио.