Се изедначија доларот и еврото

Курсот на еврото и американскиот долар е ист и ова се случува за прв пат по 20 години.



Од утрово едно евро е точно еден долар, што значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на почетокот на годината, а еврото е најслабо во однос на доларот од зимата 2002 година.

Паѓањето на вредноста на евро-валутата е последица на европската електро-енергетска криза и војната во Украина.