Од обвинителството истражуваат од каде протекол документот од сведочењето на Орце Камчев пред обвинителката Вилма Рускосвак, од 2 мај околу случајот „Рекет“, објавен на порталот „Инфомакс“.
Овој документ можел да протече од обвинителството или од Кривичниот суд, пишуваат медиуми, каде што бил испратен заедно со барањето за притвор на обвинителката Катица Јанева.
Од обвинителството за „Фокус“ официјално потврдуваат дека примерок од записникот не добил кк
Камчев, туку само го потпишал.
Во обвинителството веќе има сознанија од каде е излезен записникот, бидејќи од објавеното се гледало дека записникот бил залепен за одредеден предмет, што е одреден сиглал за нив.
Исто така засега е потврдено дека веродостојна е само првата страница од записникот, а останатиот дел кој е прераскажан не соодвејствувал во целост со останатиот дел од изјавата на сведокот Камчев.




