Се грижи ли МВР за личната безбедност на Петре Шилегов и неговото семејство?

Во опасност ли е личната и семејната безбедност на екс градоначалникот на Скопје откако пред десетина дена му беше запалено возило паркирано пред неговата куќа во скопската населба Тафталиџе.



Ова прашање го поставуваат граѓани кои живеат во непосредна близина на домот на Шилегов а кои во повеќе наврати забележале возила во кои седат млади луѓе во цивилна облека.

Најпрвин граѓаните кои ги забележале непознатите луѓе во возилата се уплашиле затоа помислиле дека се работи за можна опасност од нов инцидент или расчистување на меѓусебни односи но потоа неформално дознале дека се работи за припадници на полицијата кои биле во возилата.

Возилата кои се забележани како што тврдат граѓаните во близина на домот на Шилегов се слични на возила кои службите на МВР ги користат за следење и надзор на лица кои имаат безбедносни проблеми и за други намени каде е потребна дискреција.

Официјално во книгата со активности на МВР не постојат писмени наредби за обезбедување на Шилегов и неговото семејство какви што постојат за повеќе други луѓе припадници на актуелната власт како на пример екс министерот за здравство Венко Филипче.

Сепак граѓаните кои живеат во непосредна близина на Шилегов тврдат дека припадниците на МВР во овој дел од Скопје се присутни во близина на куќата на Шилегов со цел да набљудуваат и да спречат евентуална закана за него или за неговото семејство затоа што на таа локација не живее ниту еден друг граѓанин кој има проблем со законот или лични безбедносни проблеми.

Прашањето за неформално полициско обезбедување на екс градскиот татко на Скопје доаѓа по инцидентот во кој едно возило сопственост на Шилегов и три други изгореа во засега нерасчистен инцидент.

Во пожарот на улицата Петре Пирузе на 9 март годинава покрај аудиото на Шилегов во 3 часот наутро беа опожарени уште три други возила

Изгоре автомобил на Петре Шилегов