Стејт департментот им наредил на семејствата на персоналот на американската амбасада во Украина да започнат со евакуација на земјата веднаш во понеделник, изјавија американски официјални лица за Фокс њуз.



Следната недела, Стејт департментот, очекува Американските граѓани да почнат да ја напуштаат Украина со комерцијални летови, „додека тие сè уште се достапни“, изјави официјален претставник.

Во петокот доцна навечер, Амбасадата на САД во Украина објави дека првата пратка муниција пристигнала по налог на претседателот Бајден.