Се демонтира Споменикот на руската црвена армија во Софија

Започна демонтирањето на некои од фигурите од споменикот на Советската армија, познат и како МОЧА (Паметник на окупационната червена армия)).соопшти пратеникот од „Демократска Бугарија“ Ивајло Мирчев.



Тој на социјалните мрежи сподели и снимка на која се гледа дека кран се подготвува да ги демонтира елементите на споменикот во Софија.

„Ние не отстрануваме само споменик, туку ја враќаме можноста историјата да ја толкуваме низ наша призма, наместо низ руската пропаганда“, коментира Мирчев.

Демоинтирањето се обидоа да го оневозможат група демонстранти кои блокираа мост, но набргу се разотидоа.

Бугарски медиуми пишуваат дека со стручна експертиза било утврдено дека Споменикот на Советската армија е опасен за граѓаните: Имано споменикот е расцепен по целата должина.

Споменикот неколку месеци беше опколен за да се запре пристапот на граѓаните, а при поставувањето на оградите приврзаниците на Левица предводени од Маја Манолова, Вазраждане, БСП и русофили се обидуваа физички да ги запрат работниците и опремата, но во на крајот тие го кренаа својот шаторски камп.

Споменикот на советската армија повеќепати бил предмет на граѓански акции во кои се судираа политички и идеолошки ставови.

Паралелно, секој пат имаше реакција од руската амбасада во нашата земја, која се однесува на Договорот за пријателски односи и соработка меѓу Руската Федерација и Република Бугарија од 4 август 1992 година и Договорот меѓу Владата на Руската Федерација. и Владата на Република Бугарија за соработка во областа на културата, образованието и науката од 19 април 1993 година.