“Се да ти е*ам”: Скандалозна снимка од апсењето на активистот на ВМРО-ДПМНЕ (АУДИО)

Апсеењето на младиот активист на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот мирен протест на опозицијата кај скопска Мавровка, Стефан Колошевски, предизвика реакции кај јавноста поради насилството од страна на полицијата.



Денеска реакциите се уште поголеми откако на социјалните мрежи се појави аудио снимка која според изворот е снимена додека полицијата го апси Стефан Колошевски.

На Аудиото се слуша: „Дечко, се да ти е*ам“. Претходно има и пцуење на албански јазик со сексуална конотација.

Иако Колошевски во изјавата вчера тврдеше дека го тепале и го навредувале во комбето од МВР, Спасовски и внатрешната контрола на полицијата нема никаква реакција.

Експертите на МВР за десетина минути можат да ја утврдат веродостојноста на снимката, да ги споредат гласовите кои се слушаат во аудиото со атмосферата каде што се искажани и да постапат против лицата кои го прекршиле законот.