Од Министерството за земјоделство велат дека се разговаро со српската влада и дека се очекува укинување на забраната за увоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење за Македонијаво текот на неделава.
„Во врска со одлуката на Република Србија за забраната и за Северна Македонија за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Р. Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи и на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење, и таа се очекува да се донесе следната недела“, изјавија од Министерството за земјоделство пренесе Слободен печат.
Во Македонија најголем производител на рафинирано од нерафинирано сончогледово масло за јадење е фабриката „Брилијант“ и компанијата бара нови добавувачи, се разговара со Украина, Бугарија, Унгарија…







