Цената на струјата за домаќинствата ќе  се зголеми за 7,5 насто и ќе чини 5,95 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,99 денари  за ефтина тарифа, дознават медиуми.



Ова се неофицијални цени кои се содржани во предлог -одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, објавена на нејзината веб страница.

Дали ќе има измени на оваа одлука денеска треба да каже првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски кој треба да ги соопшти официјалните цени на струјата.

Одлука за корекција на цената на електричната енергија требаше да биде донесена пред две недели, но беше одложено поради изборите.

Неофицијално, се споменува и дека е можно укинување на тарифата за таканаречена ефтина струја која домакинствата ја користат секој ден од 13 до 15 часот.