Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски најави разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност биде разрешена, Лидија Димова.
Директорката може да биде разрешена од Управниот одбор на Агенцијата, а ваквиот изход е речиси извесен по објавувањето на скандалозните износи на европски пари за проекти одобрувани од Агенцијата на една фризерница но и на блиски луѓе од владејачката партија.
„Имам различно мислење од Димова која е на став дека не треба да се повлече. Но, согласно ќе побараме таа да понесе политичка одговорност и да замине од функцијата. Со ова разрешување сакаме да пратиме порака до сите дека навистина сме спремни да се бориме против корупцијата, дека немаме двојни аршини, сме добиле огромна чест и одговорност од граѓаните, која мораме да ја оправдаме, рече Николовски, вицепремиерот за ТВ21.






