Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца.
Бектеши не прецизираше колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата, пред – како што рече – биде соопштена конечната одлука од страна на Владата.
Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници.
Во однос на цените на шеќерот и брашното Бектешисе уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа.
За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати.
Тој најави и дека цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.
Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.







