Секторот за компјутерски криминал истражува како затворената седница на која директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, реферираше за случајот со државјанството на контроверзниот украинец, Олександр Онишченко, се најде на Јутјуб“.
Затворената седница со Виктор Димовски одела „во живо“ на Јутјуб
Истрагата е во тек, штом добиеме официјални информации веднаш ќе бидете информирани, рекоа денеска од Собранието на инсистирање на новинарите.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во петокот побара од претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Љупчо Пренџов, веднаш да ја прекине комисиската работа „додека не се истражи што се случувало на седницата на ова собраниско тело“.
Да потсетиме, додека траеше комисиската седница на јутјуб-каналот на Собранието одела слика од пленарната седница, но и аудио од излагањето на директорот Димовски.







