Седум дена откако во грчкиот парламент ќе се ратификува протоколот за НАТО, што е најавено до 8 февруари, Република Македонија и официјално ќе стане Република Северна Македонија.
Од тој ден ќе почне и промената на имињата на министерствата, на државните органи и на институциите, јавните претпријатија, на акционерските друштва како и на таблите на дипломатско-конзуларните претставништва.
Паралелно со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот договор ќе се спроведува и Законот за употреба на јазиците, односно покрај македонски, името на институциите ќе биде напишано и на албански јазик.
Таблите на граничните премини во општините каде што живеат 20 проценти Албанци освен со новото уставно име – ќе станат и двојазични.





