Мора да падне секоја влада во која учествува ДУИ, смета професорката Мирјана Најчевска која пред 6 години интензивно работеше на падот на ВМРО-ДПМНЕ а за доаѓање на власт на СДСМ и ДУИ.
Таа тогаш кога ДУИ стана партнер на СДСМ молчеше а сега ја менува реториката.
Дали проблемите на нејзиниот сопруг инаку амбасадор во Прага кој е под опсервација на министерот за надворешни работи Бујар Османи влијаат на промената кај неа, Најческа не кажува.
,,Не смее да има влада со ДУИ во неа.
Ќе гласам за секоја партија која ќе гарантира дека ќе формира влада без ДУИ.
Дајте луѓе да се ослободиме од мафијата.
Срамота е на меѓународно ниво да не претставуваат воините на мафијата”, смета Најчевска.
Сопругот на Најческа Сашко Тодоровски е под дисциплинска процедура во МНР поради случај со неговото службено возило од амбасадата во Чешка кое се возело во Македонија.





