Се борат за Делчев и Самоил, притискаат и за македонски свештеници и преродбеници

Прогласувањето на Јоаким Крчовски за „прв просветител на Македонија“ е антиисториско и не одговара на вистината, тврди бугарскиот историчар Пламен Павлов.



Во интервју за БГНЕС Павлов вели дека и самиот Крчовски велел дека пишувал на наједноставен бугарски јазик за да им биде поразбирлив на луѓето, бегајќи од т.н. стара бугарска норма.

„Целото негово творештво и целиот негов живот покажува дека се работи за бугарски просветител. Самиот Осоговски манастир, пак, секогаш бил центар на бугарската духовност не само во регионот на Крива Паланка, туку и во целиот регион на Ќустендил“, изјавил Павлов пренесува мкд.мк.

Според него, ова не е прв ваков случај на кражба. Павлов потсетува дека пред неколку години МПЦ го канонизираше монахот Кирил Пејчинович, а сега, според него, ист е случајот со Јоаким Крчовски. И двајцата биле бугарски преродбеници, слични на епископот Софрониј Врачански. Разликата, додава, е што Крчовски и Пејчинович ја „надминале“ територијата на денешна Македонија и „зафатиле“ и други бугарски земји во западните бугарски територии.

За Павлов ова е доказ дека во Македонската православна црква преовладуваат сили кои се против дијалогот со Бугарската православна црква и особено со Бугарија.

Тој ги повикува Бугарија и БПЦ да реагираат на ваквите кражби на историјата и додава дека БПЦ не треба да го остави нивното културно и духовно наследство во туѓи раце.

Повеќе детали на мкд.мк