Се’ би жртвувале Македонија да влезе во ЕУ, порача Груби

Вицепремиерот Артан Груби утрово кажа дека кон крајот на јули треба да почне постапката за менување на Уставот во Собранието.



„Доколку вистински се претстави оваа техничка измена, ќе ја прифатат и граѓаните. Со промената на ставот, Мицкоски покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е европски ориентирана партија. Не знам која е причината за таа одлука. Ние ветивме европска интеграција.

Сè би жртвувале само с.а Македонија да влезе во Европската унија, кажа Груби.

Груби додаде дека може да се организираат избори и веднаш по гласањето за отворање на Уставот.