И покрај санкциите на ЕУ кон Русија најголем дел од земјите членки на унијата лани имале зголемена трговска размена со Москва.
Оваа фрапантна информација која се однесува на периодот Февруари – Август ја објавува Политико повикувајќи се на Евростат.
Ова е повод претседателот на Евро-македонскиот центар за иновативно знаење Илија Вучков да побара одговор од министрите за надворешни работи Османи, за финансии Бесими и за економија Бектеши (сите од ДУИ), зошто за Македонија нема никакви податоци за трговската размена со Русија.
За споредба Словенија лани до август ја зголемила трговската размена со Русија за фантастични 346 проценти.

,,Колку е трговската размена за вашава северна и зошто не е поголема од предходно како примерите од ЕУ и НАТО членки?
Министрите за надворешни Бујар МНР, за Економија Крешник и за Финансии Бесими (сите од ДУИ), треба да одговорат на ова прашање. (се скриле не се тагнуваат)
Владата кај што е неспособна, ама и нелегална и нелегитимна, бар нешто да правеше корисно и добро за приватниот сектор!
Еве статистика за 2022 по земја поединечно (членки на ЕУ и НАТО) и нивната трговска размена со Русија во 2022ра!
Посебен осврт на Кипар и Луксембург во некоја друга прилика, оти таму е прашање чиви се фирмите кои тргувале со русија, веднаш ќе е појасно!
ПС. Очекуваме коментари од овие што врескаа за руско влијание и остала неписмена популација поддржувачи на врескачиве, а и од шарените..”, прашува Вучков кој за жал како и јавноста не добива одговор на своите прашања.
Целата интересна дебата на овој линк





