Покрената е истрага за пртонаоѓање на администраторите и членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, каде се објавувале интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од повеќе македонски градови, соопштија синоќа од Бирото за јавна безбедност.
„Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група. Во исто време сакам да апелирам до сите нас, до родителите, образовните институции за поголем надзор врз децата и навремено да се реагира и во семјствата и во улиштата“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој додаде дека и порано имало вакви случаи што се расчистувале.
До сега нема ниедна пријава од родители на девојчињата за злоупотреба, потврди дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.





