Се бара продолжување на притворот за браќата Усеини

Против Нефи Усеини, советник на ДУИ во советот на Охрид, и за неговиот брат, Обвинителството поднесе обвинение за сторено насилство.



„Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, браќа на возраст од 45 и 48 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството бараат продолжување на мерката притвор, за да се спречи нивно бегство.

.